ТРИК ЗА СОВРШЕНИ ПАЛАЧИНКИ: Еве како никогаш да не ви загорат и да успеат секој пат!

20 февруари, 20220
Screenshot_3

Овој едноставен трик ќе ви помогне да направите совршени палачинки кои ќе бидат еластични и нема да се исушат

 

Често луѓето воопшто не успеваат да направат палачинки и не ја знаат причината.

 

Претежно сите мислат дека тоа е последица на користење на несоодветна или лоша тава или лошо подготвена смеса.

 

Се случува тестото да испадне тврдо, а палачинките да не се доволно меки и воздушести.

 

Решението на овој проблем е многу едноставно и не бара некои посебни вештини, па дури и почетниците сега ќе можат да подготват совршени палачинки.

 

Имено, повеќето луѓе ставаат цели јајца во смесата, а експертите тврдат дека всушност е неопходно да се одвојат белките и жолчките.

 

Потребно е белките посебно да се изматат во мек изматен снег, а потоа да се додадат во друга смеса од брашно, млеко и жолчки и да се мешаат нежно, по можност со жица.

 

Овој едноставен трик ќе им даде на палачинките мекост, еластичност и пенеста структура, а најдобро од сè, тие нема да бидат цврсти дури и кога ќе се изладат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *