„Уморна сум“: Познатата глумица СЕ ПОВЛЕКУВА од глумата по 30 годишна кариера

23 јуни, 20220
sandra-bulok

Сандра Булок, една од најплатените холивудски актерки, го објави своето повлекување од актерството во големото интервју што го даде за Холивуд Репортер.

– Целосно сум прегорена. Толку сум уморна што веќе не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа – изјавила актерката.

Таа вели дека ужива во идејата да креира сопствен распоред на задачи и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката, која во својата 30-годишна кариера снимила близу 50 филмови, вели дека е благодарна за успехот што го постигнала, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

– Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека бизнисот стана моја патерица. Тоа беше како постојано да го отворате фрижидерот и да барате нешто што никогаш не било во него. Си реков: „Престани да бараш затоа што не треба повеќе да се докажуваш. Мора да си добра и без работата што ти треба како потврда за успехот“ – изјавила актерката.

На прашањето кога ќе се врати на актерството, таа едноставно одговори дека не знае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber