Фли од групата „Red Hot Chili Peppers“ објасни зошто не сака да се фотографира со обожавателите

13 август, 20220
flea-red-hot-chili-peppers-830x0

Музичарот има свои причини

Басистот на „Red Hot Chili Peppers“, Фли, откри зошто не сака да се фотографира со обожавателите. Музичарот изјавил дека тоа му личи на „трансакција“ наместо на нешто значајно.

Во петокот (5-ти август), Лук Весели сподели видео на кое се среќава со пејачот на „Red Hot Chili Peppers“, Ентони Кеидис, како и со Фли:

– Фли и (Ентони), ви благодариме што сте толку љубезни и искрени… Не ни моравте да застанете и да разговарате, но го направивте тоа и се надевам дека знаете дека навистина влијаевте на нашите животи – напиша обожавателот.

Друг фан потоа коментираше, велејќи дека е ретко да се види бендот во интеракција со обожавателите, а Весели потоа објасни „можеби едноставно се чувствувал удобно во тој момент, ниту еден од моите пријатели или јас не побаравме фотографија или автограм или било што, само разговараме па можеби тоа има врска со неговата интеракција со нас“.

Фли потоа ја потврди оваа теорија, цитирајќи го твитот и објаснувајќи

– Тоа е затоа што сите бевте фини и не побаравте слика. Секогаш сме за разговор и муабет, а барањето фотографија веднаш го упропастува тоа – наведе Фли.

Друг обожавател потоа прашал= „што е лошо во тоа да бараш фотографија“, на што Фли одговори: „Нема ништо лошо во тоа. Но, тоа го уништува вистинскиот разговор. Тоа е трансакција“.

Музичарот додаде: „Никогаш во животот не сум побарал од никого да се фотографира со мене“, пренесува „NME“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma