Фрлете го ВЕДНАШ: Ваквиот КОМПИР не само што не се јаде, туку е и ОПАСЕН по нашето ЗДРАВЈЕ!

26 март, 20220
krompir-na-polju

Можеби оваа храна пропаѓа побавно од другите, но секако има момент кога ќе престане да биде за употреба

Повеќето луѓе претпоставуваат дека е доволно само да се излупи кората и да се отстранат црните дамки за компирот да биде добар за јадење.

Тоа не е така, велат експертите, велат дека постои еден специфичен знак кој открива дека компирот повеќе не е добар за јадење, но дека може да биде и опасен по здравјето.

Според порталот „Healthline“, зелената боја на компирот се појавува кога ќе почне да произведува хлорофил, што е природен процес. Кога ќе го забележите овој пигмент, тоа значи дека компирот почнал да произведува соланин, компонента која штити од штети предизвикани од животни, инсекти, габи и бактерии. Тоа е отров кој се наоѓа во целиот компир, а не само во зелените точки, а доколку е на повисоко ниво може да биде опасен за луѓето.

Нивото на соланин е највисоко кај лушпите од компири, па со лупењето сигурно ќе се отстранат дел од токсините (околу 30 проценти), но нема да го решите проблемот. Експертите не се сигурни колку точно од оваа компонента треба да има во компирот за да се чувствувате лошо, но едно истражување покажало дека 0,6 милиграми на килограм тежина може да доведат до болест.

Особено е важно таквите компири да ги држите подалеку од деца кои имаат многу ниска телесна маса па можат посилно да ги почувствуваат негативните влијанија на соланинот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma