ХАРИ СТАЈЛС НА COACHELLA: Овие настапи ги гледаме на „repeat“

26 април, 20220
Harry-Styles-0685410601

Нашата вечна славна личност и модна симпатија не не разочара ниту овој пат: во два викенда на музичкиот фестивал се покажа како врвна рок-ѕвезда и донесе на сцената одредена дефиниција за сценски костим (со потписот на Гучи, се разбира) и нова генерација од глам рок.

 Harry Styles i Shania Twain na Coachelli

На првиот концерт се појави во голема (еко) бунда и ја запали бројната публика, соблекувајќи ја за буквално да блесне во шарен комбинезон од големи светки. Хари добро се забавуваше на сцената, скокајќи во оваа диско облека што сега сакаме да ја носиме, а врв на вечерта беше секако кога во дует му се придружи Шанаја Твејн во соодветен ретро фустан, пеејќи ги нејзините незаборавни хитови Man, I Feel Like a Woman и You’re Still the One. „Додека како дете се возев во автомобилот со мајка ми, оваа жена ме научи да пеам. Ме научи и дека мажите се ѓубре“, рече Хари. Фала, Шанаја.

Минатиот викенд Хари уште еднаш ја освои публиката, повторно во облека со потпис на Гучи. Сјајните кожени панталони и розовиот елек дополнително беа украсени со светки и нитни со мотиви од цреши, јагоди (изненадувачки, без лубеници) и иницијалите на Хари. Специјален гостин на вториот викенд беше неговата пријателка Лизо, со која го изведоа хитот на неговиот поранешен бенд One Direction „What Makes You Beautiful“ и „go-to“ караоке песната на сите времиња „I Will Survive“ од Глорија Гејнор, благодарение на што ќе преживееме оваа недела…

Значи, ако ви недостига малку мотивација на почетокот на неделата, да ја цитирате Шанаја Твејн: „Let’s go girls!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma