ЦЕЛИОТ СВЕТ ГО ПОЗДРАВУВА ОВОЈ ПОТЕГ НА ПАРОТ ОД ХОЛИВУД: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ја воодушевија јавноста со својата одлука, ретко кој би направил вакво нешто! (ФОТО)
28 февруари, 20220
Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс ја поддржуваат Украина по руската инвазија, а парот реши да апелира за донации.
Блејк и Рајан ќе го удвојат секој долар, до износ од еден милион долари. Со нивни пари, помош ќе добијат двојно повеќе украински семејства, а ќе дадат и многу дополнителни донации.
Тие ги замолија луѓето да донираат.
-Ние ќе ја дуплираме вашата сума, до 1 милион американски долари, напиша Рајан.
Таа објава осамна и на профилите на неговата сопруга. Фановите од цел свет, со низа комплименти и пофалби ја проследија оваа објава.