ЦЕЛ СВЕТ Е ЗАГРИЖЕН ЗА НЕГО, А СЕГА РЕШИ ДА СЕ ОГОЛИ: ЅВЕЗДАТА ОД ПРИЈАТЕЛИ ОБЈАВУВА МЕМОАРИ, ОВА Е НЕГОВАТА ВИСТИНА

12 февруари, 20220
2342973_profimedia0554049824_ls

Метју Пери, во кого цела планета се заљуби во улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, реши да ја раскаже својата приказна. Актерот на својот Инстаграм профил ја извести јавноста дека ги објавува своите мемоари.

Тој ја сподели корицата на книгата, која ја краси неговата фотографија и насловот „Friends, Lovers and the Big Terrible Thing“.

– Толку многу се пишуваше за мене во минатото. Мислев дека е време луѓето да ја слушнат мојата приказна. Подемите беа високи, падовите беа ниски. Но, доживеав да ја раскажам приказната, иако понекогаш ми се чинеше дека нема да се случи тоа. И се е тука – напиша Метју Пери во описот на насловната страница.

Според Дејли Мејл, мемоарите на Метју Пери ќе бидат објавени на 1 ноември оваа година.

Metju Peri

Метју Пери стекна светска слава во серијата „Пријатели“, каде го играше ликот на Чендлер Бинг. Познатиот ситком имаше 10 сезони, а се емитуваше во периодот од 1994 до 2004 година.

Пери, заедно со колегите Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, учествуваше во создавањето на специјалната емисија за серијата „Пријатели“, која се емитуваше минатата година на каналот HBO.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi