Цеца Ражнатовиќ ѝ „плесна“ во лице на Марија Шерифовиќ: „Не си се мажела и не знаеш“

24 јануари, 20220
Screenshot_15

За време на вчерашната емисија на „Ѕведите на Гранд“, дошло до провокација помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ поради една кандидатка.

 

 

Имено, натпреварувачката Шејла Хајдур и Кристина Јосиќ ги измериле силите во дуел. Кандидатката на Марија, Шејла ја пеела песната „Круна“ и „Не оставај трага“, додека изборот на кандидатката на Мили биле песните „Селе моја“ и „Африка“. Ана Бекута била единствена која не дала глас во овој дуел, а потоа и образложила.

– Не дадов глас. Шејла душо, се слуша твојот талент, но мораш да работиш многу за да не бидеш агресивна додека пееш, таа агресија можеш да ја искористиш во некоја теретана. Првата песна беше прогресивна, јас тука го држев увото, бидејќи не можев да те слушам, беше непристојно да излезам и затоа ги затворив ушите. Втората песна беше подобра интерпретација. Кристина, ти си имала подобар став вечерва, беше во служба на песната, но тоа не беше испратено со вокалот – рекла Бекута.

Снежана Ѓуришиќ имала поинакво мислење, па истакнала дека Кристина агресивно пеела во првата песна.

– Не сакам да го коментирам мислењето на колегите, но не се согласувам дека сте заслужиле ист број на гласови. Шејла била апсолутно доминатна – рекла Снежана, а со тоа се согласила и Цеца која додала дека кандидатката на Мили не се сродила со песната која ја пеела.

– Со оглед на тоа дека Шејла сама ги бирала песните и дека сама се подготвувала, јас сум задоволна. Таа има исклучок бидејќи се мажела. Немав 100% разбирање, не си морала да дојдеш на денот на свадбата, но на денот кога си ја пробувала венчаницата, си можела – рекла Шерифовиќ.- Е па не можеш, бидејќи не си се мажела и не знаеш – и рекла Цеца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi