ЦРНАТА ЧАНТА НИКОГАШ НЕ ИЗЛЕГУВА ОД МОДА Ова се трите начини на кои можете да ја комбинирате

28 јануари, 20220
Screenshot_10

Ова е инвестиција во која вреди да се инвестира

 

 

Многу модни експерти се согласуваат дека црната чанта треба да има моден статус исто како малиот црн фустан, белата кошула и длабоките фармерки.

 

 

Црната чанта е секогаш добра инвестиција, бидејќи ќе можете да ја носите во сите сезони.

 

  1. Спортска елеганција

 

Комбинација каква што никој не можеше да замисли до пред неколку години – тренерка и елегантна чанта? Сега можете да го комбинирате и тоа.

 

Овој тренд пред неколку години го започна популарната пејачка Ријана кога на еден настан се појави во тренерки и високи потпетици, а сето тоа го украси со мала црна чанта.

 

  1. Комбинација за секој ден

 

Црната чанта ќе ви стане омилен моден додаток, бидејќи нема да мора да ја префрлате шминката, клучевите и парите во друга чанта, туку само да ја смените комбинацијата и таа ве чека.

 

  1. Незаменлив дел од деловниот стајлинг

 

За совршен деловен стајлинг кој зрачи со елеганција и женственост ви треба навистина малку, а тоа се карираниот капут кој е во тренд оваа сезона, фармерките и црната чанта како совршен моден додаток кој ќе го комплетира овој стајлинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi