ЧАЕВИ КОИ ЈА НАМАЛУВААТ ЖЕЛБАТА ЗА БЛАГО Овие билки ја неутрализираат желбата за шеќер

18 јуни, 20220
Screenshot 2022-06-17 191838

Сè повеќе луѓе чувствуваат неодолива желба за слатки, што не е баш идеална опција за нашата линија и здравје.

Ако ги прашате повеќето луѓе кои сакаат да ослабат, ќе речат дека во тој процес најтешко се ослободиле од слатките.

Овие производи полни со шеќер и транс масти не се сојузници на нашата витка линија, но не се ниту здрави – генерално се штетни за организмот бидејќи после јадење предизвикуваат ненадеен скок на шеќерот, а потоа и пад, оптоварувајќи го панкреасот.

Кога јадеме премногу благо, тоа може да доведе до дијабетес.

Кога ни требаат слатки на секој час или два или често сме гладни, тогаш тоа е знак дека ни треба детоксикација од шеќер.

Покрај тоа, други сигнали дека на вашето тело му треба „чистење“ од слатки се:

Кога ќе почнете да јадете слатки, не можете да престанете

Имате неодолива желба да јадете нешто слатко после секој оброк

Имате високи нивоа на шеќер во крвта кои често осцилираат

Доколку сакате да ја намалите потребата од шеќер, обидете се да ги консумирате овие чаеви:

  1. Чај од ѓумбир

Одличен диуретик кој содржи многу антиоксиданси, го забрзува исфрлањето на вишокот течности и може да ја намали желбата за слатки. Ѓумбирот содржи над 100 биоактивни соединенија, минерали, витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи. Напитокот од ѓумбир може да ви помогне да го задржите нивото на холестерол во посакуваните граници.

  1. Зелен чај

За зелениот чај се напишани бројни написи бидејќи тој претставува ризница на здравје. Го промовира производството и активноста на норепинефрин, кој игра важна улога во метаболизмот на мастите во телото. Затоа е главна состојка во многу тинктури кои помагаат во согорувањето на мастите и слабеењето. Освен тоа, овој чај поволно делува и на дигестивниот тракт, односно го подобрува варењето, но и го отстранува вишокот течност од телото. Позитивно влијае на кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

Треба на време да забележите дали имате проблем со прекумерно внесување шеќер и да посетите лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma