Чудовиштето: Зграда со 10 илјади луѓе на 18 ката која го оправдува своето име

27 јануари, 20220
62225794-cudoviste-hong-kong

Хонг Конг со право го нарекуваат „бетонска џунгла“, бидејќи сцената создадена од облакодери, згради и луѓе не може да се опише со зборови. Една од зградите која е совршен одраз на густината на населеност се наоѓа во источниот дел на градот во областа Quarry Bay. Секоја година таму се отвораат бројни индустриски и станбени простори, но ниту еден не е толку необичен како „Чудовиштето“, зграда која доби живописен прекар токму поради својот необичен, дистописки изглед.

Чудовиштето всушност не е едно, туку пет огромни згради кои сочинуваат 18-катен комплекс во форма на Е. Во 2.243-те станови на овој џиновски комплекс живеат 10.000 луѓе. Зградата која инспирира стравопочит е изградена во 1960-тите по нагло зголемување на населението за да и помогне на владата со луѓето со ниските приходи.

Комплексот Чудовиште е сличен на другите, субвенционирани станови изградени во таа деценија: горните катови се за домување, а долните за намирници, чај, риба и покуќнина.

Поради својата симетрија и големина, Чудовиштето е на мета на фотографите, но и на филмаџиите – меѓу другото, таму е снимен и Spirit in Armor, како и Transformers.

Бидејќи Чудовиштето со текот на времето стана туристичка атракција, станарите инсистираа да се постават табли на кои пишува дека фотографирањето е забрането, а посетителите се молат да го почитуваат мирот и да не ги вознемируваат луѓето што живеат таму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma