Што ги привлекува мажите кај жените?

28 март, 20220
Screenshot_2

Секако, горе-долу ќе се согласат и мажите кои велат дека не им е важен физичкиот изглед, но покрај физичката привлечност има и одредени карактеристики кои особено ги привлекуваат мажите.

 

 

Луан Вард, експерт за врски, истражувала и со мажи кои не се во врска за да провери што навистина сакаат – кои се квалитетите кои најмногу ги привлекуваат кај потенцијалните партнери. Таа доби интересни резултати, од кои некои се малку изненадувачки.

 

Искреност

Според нејзиното истражување, ова е најважната особина која мажите ја бараат кај жените. Тоа го потврдиле 21,3 отсто од анкетираните мажи. Значи, ова е жена која не се плаши да се отвори и искрено ги изразува своите чувства.

 

Самодоверба

 

Оваа карактеристика е на второ место со 20% од гласовите. Партнерката која мажот ја бара знае што сака и го користи својот потенцијал. Свесна е дека е способна сама да ги постигне своите цели, но многу ѝ значат и поддршката и охрабрувањето.

 

Весели личности

 

Третата најважна карактеристика на жената која ја бараат мажите е, според ова истражување – да биде весела личност со смисла за хумор.

 

Четвртото место го поделија следните карактеристики: благодарност, позитивност, разбирање и добрина. Изненадувачки, лојалноста и посветеноста се дури на петтото место, а се покажаа важни само за 12,6 отсто од учесниците. Зад овие особини стојат емоционалната интелигенција и образованието.

 

Она што мажите не го бараат толку често е романтиката.

 

Ворд потоа проверила кои физички карактеристики најмногу ги привлекуваат мажите. И таа доби уште интересни резултати. Наместо очекуваното – усни, гради, нозе – таа ги добила следниве одговори: 41,5 отсто од мажите рекле дека очите се првото нешто што го забележуваат. Следуваше насмевката (29,6 отсто), а потоа задникот (12,2 отсто). На четврто и петто место се градите (9,2 отсто) и нозете (7,4 отсто), со здрава градба, здрава коса и личен стил. Се разбира, вели Вард, физичката привлечност е важна и таа одлучува дали мажот ќе биде заинтересиран подобро да ја запознае жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma