Што им е најважно на ЖЕНИТЕ, а што на МАЖИТЕ: Тие гледаат во рамениците и рацете, а мажите лудуваат САМО НА ЕДНО НЕШТО!

11 март, 20220
Screenshot_8

Едно нешто што мажите го забележуваат кај жената потсвесно им кажува дали е здрава и плодна

 

Антропологот од Универзитетот во Оксфорд, Ана Машин, собра бројни истражувања и разговараше со експерти за нејзината нова книга „Зошто сакаме“ со цел да ги открие разликите меѓу мажите и жените, односно она што едната страна го забележува кај другата.

 

Таа за „ Daily Mail “ откри дека еволутивно жените гледаат на рамената и половината на мажите – пожелно е рамениците да бидат широки, да влегуваат во таканаречениот „триаголник“, а половината да е потесна. Исто така, сакаат симетрично лице бидејќи тоа е знак за добри гени. Овие работи ѝ покажуваат на жената дека мажот може да ја заштити и да му се посвети на семејството. Од друга страна, мажите гледаат една работа, а тоа се женските колкови, односно структурата на песочниот часовник. Нејзиниот тесен струк и широки колкови покажуваат дека е здрава и плодна!

 

Во друг експеримент спроведен во Тексас во 2015 година, истражувачите откриле дека мажите, но и жените, прво се фокусирале и најдолго поминувале гледајќи во стомакот, односно дијафрагмата на непозната жена, пред да се движат до нејзиното лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma