ШТО И СЕ СЛУЧИ? Старлетата драстично ослабе – ФАНОВИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПОВЕРУВААТ ШТО ГЛЕДААТ! (ФОТО)

22 септември, 20220
268317_kim01_f

Старлетата Ким Кардашијан на пошироката јавност и е позната по своите раскошни облини, меѓутоа неодамна се појавија фотографии на кои таа изгледа драстично послабо

Многу жени се мачат да бидат слаби. Колку и да имаат години, мислат дека слабеењето е секогаш попосакувана опција, без разлика на која возраст се. Сличен став делат и многу познати личности, а само една од нив е најпознатата светска старлета Ким Кардашијан.

Ким и Кортни Кардашијан немаа толку среќа да добијат висина како нивната сестра Клои, или барем Кендал и Кајли. Затоа Кардашијанките секогаш се трудат да бидат што е можно повитки. Кога и Клои ја доведе линијата до посакуваната форма, тоа не поминува незабележано.

Ким, пак, отсекогаш ги истакнувала своите облини во преден план, па поголемите гради, тенкиот струк, широките колкови и големиот задник отсекогаш и биле главен адут. Сепак, судејќи по најновите фотографии кои како лавина се проширија на социјалните мрежи, тоа веќе не е така.

По раскинувањето со поранешното момче Пит Дејвисон, Ким ослабе многу, што ги изненади сите нејзини фанови, бидејќи не беа навикнати таа да изгледа така. Тие веднаш направија монтажа од две фотографии – едната направена во 2017 година и една направена неодамна. На поранешната фотографија старлетата е насмеана, додека во преден план се нејзините гради кои излегуваат од нејзиното деколте, како и нејзината руса, избланширана коса. Беше облечена во мини фустан со прерамки. Се разбира, не носеше градник.

Од друга страна, Ким на фотографијата од десната страна според многумина има вештачка насмевка и е видно послаба. Таа изгледа како половина од себе од претходната фотографија, а многумина ги забележаа нејзините гради, поточно нивното отсуство. Позира во сребрен фустан без градник и видно помали облини, што ги налути нејзините обожаватели.

– Ова е некој кој е опседнат со изгледот. Ким знае дека изгубила многу килограми, на старите снимки секогаш прашувала дали рацете и изгледаат слабо! Се обложувам дека ова е нејзината цел! – вели еден од фановите.

– Дали некој зема „нова пилула за слабеење“?! Само кажувам – гласи друг коментар.

– Повеќе ми се допаѓа старата слика лево, промената е драматична – вели трет.

– Леле, таа е многу послаба во споредба со 2017 година кога веќе беше многу ослабена – се надоврза уште еден.

– Убава е, но мислам дека нејзината специјалност беше да ги претставува жените со облини, а сега е премногу минијатурна – гласат дел од коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *