„ЈАДАЧКАТА НА МАЖИ“ МУ ЈА УНИШТИ КАРИЕРАТА: Холивуд го бојкотира, но Џони Деп не се предава

24 јануари, 20220
Screenshot 2022-01-24 061744

Актерот Џони Деп стана познат по неговите филмски улоги во раните 1990-ти, а врв на неговата кариера беше улогата на капетанот Џек Спероу во мега-хитот „Пиратите од Карибите“.

Откако неговата поранешна сопруга, холивудската „јадачка на мажи“ Амбер Херд го обвини дека ја злоставува, тој исчезна од филмското платно.

Сепак, се чини дека го чека одлично враќање на сцената. Деп ќе го игра францускиот крал Луј XV. Филмот е во режија на францускиот режисер Маивен Ле Беско, а снимањето треба да започне летово, пишува Холивуд Репортер.

Претходно, во интервју за странски медиуми, актерот изјави дека Холивуд го бојкотира поради неговиот лош имиџ во јавноста. Причината за ова е написот во кој се тврди дека Џони физички ја малтретирал Амбер. Самиот Деп дал докази дека актерката била физички насилна кон него, но тоа не помогнало. Таа сè уште добива филмски улоги, а Џони го заобиколуваат.

Да потсетиме, Амбер и Џони раскинаа во мај 2016 година, кога актерката поднесе барање за развод по 15 месеци брак, а во барањето за развод го обвини Деп за насилство кое кулминираше кога актерот наводно ѝ фрлил мобилен телефон во лице и ги искршил работите околу стан .

Во следните месеци, поранешните сопружници продолжија да поднесуваат обвиненија против другиот, а некои од најбизарните се секако оние во кои Џони тврди дека Амбер го удрила со стаклено шише, му го повредила прстот и наводно му изгаснала цигара на образот, додека таа тврдела дека ја тепал, ја влечел за коса и за малку ја удавил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma