ЈАКНАТА КОЈА ЈА НОСЕШЕ ЛЕЈДИ ДИ ЖИВЕЕ И ДЕНЕС: Глумицата сликана во модел кој е ХИТ дури и оваа сезона!

15 февруари, 20220
270803_profimedia0658564578_ls

Многу експерти споменуваат дека Лејди Ди била далеку пред своето време во однос на модата и стилот, а тоа го поткрепува и познатата црвена јакна.

Откако во петтата сезона на серијата „The Crown“ се оживеа познатиот одмазднички фустан, серијата која се занимава со животот на британското кралско семејство покажа уште еден незаборавен моден момент.

Актерката Елизабет Дебицки, која го толкува ликот на принцезата од Велс, прошета во јакна која го издржа тестот на времето.

Elizabet Debicki

Таа беше фотографирана на улиците на Лондон облечена во впечатлива црвена пафер јакна, црно здолниште, црни панталони, па дури и кафени каубојски чизми.

Овој стајлинг многу потсетуваше на еден од одличните стајлинзи што принцезата ги носеше на скијање во Австрија во 1994 година. Делот од стајлингот кој секако привлече најголемо внимание беше црвената јакна, модел кој лесно може да се носи денес, речиси 30 години подоцна.

Elizabet Debicki

Имено, пафер јакните ја одбележаа оваа модна сезона и се претставија како едно од најпосакуваните модни парчиња.

Покрај неа, се истакнаа вечните црни панталони и пар кафени каубојски чизми, модел на кој модните експерти му предвидуваат големо модно враќање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma