Ја ХИДРИРА КОЖАТА и го зајакнува дејството на серумите: Една работа веднаш треба да ја воведете во нега на кожата ако имате суво лице!

1 март, 20220
Krema-za-lice

Познато е дека жените во Јапонија и Кореја имаат беспрекорна кожа и сјаен тен, дури и кога се постари.

Како што девојките од овие две земји откриваат нов производ и трик за нега на кожата, тој станува популарен ширум светот, бидејќи сјајот и здравјето на кожата на девојките од далечниот исток на Азија речиси станува легенда.

Така, тие советуваат таканареченото „slugging“ да се воведе во секојдневната рутина кога е во прашање негата на кожата. Овој збор доаѓа од англискиот збор за полжав, а буквално значи натопување на кожата со еден препарат – вазелин.

Вазелинот е одличен за хидратација на кожата, а освен тоа ги задржува и другите препарати како серумите и тониците кои сте ги нанеле порано, го спречува нивното испарување од кожата и го продолжува нивниот ефект.

Овој третман, кој се прави дома, својата популарност ја стекна најмногу благодарение на TikTok – но, и професионалните козметичари советуваат да се користи, особено кога времето е постудено.

Се препорачува да се користи пред спиење, но потребно е да се отстранат неговите траги наутро со пена за миење.

Употребата на вазелин се препорачува за сите луѓе со сува и нормална кожа. Вазелинот не ги затнува порите, но не се препорачува за луѓе кои имаат мрсна кожа и се склони кон акни, бидејќи како што ги задржува производите што ги нанесувате, го задржува и природниот себум, односно мрсна кожа.

Исто така, не е препорачливо да се нанесува на целосно сува кожа, туку пред него да се изврши третман за хидратација, односно да се нанесуваат производи кои ја поттикнуваат влажноста на кожата.

Исто така, дерматолозите предупредуваат дека не е добро да се нанесува вазелин над агресивните активни состојки на производите за нега, како што се витамин Ц, ретиоиди или овошни киселини, бидејќи нивното задржување на вазелин на кожата може да доведе до иритација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma