ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВАТА кога ќе ја видите оваа глетка: Погледнете како ќе изгледа ЕВРОВИЗИСКАТА БИНА во Торино 2022-ра

23 февруари, 20220
334124_profimedia0500403834_ff

На овогодинешниот престижен избор за песна на Евровизија, на кој ќе учествува 41-та земја, ќе бидат вклучени Ерменија и Црна Гора по отсуството во 2021 година. Ова ќе биде 66-ти избор за песна на Евровизија, кој очигледно ќе биде спектакуларен.

На официјалната веб-страница на Евровизија се појавија фотографии од салата во која ќе настапат учесниците. Имено, салата во Торино наречена Palasport Olimipico е изградена за потребите на Зимските олимписки игри во 2006 година, кои се одржаа во Италија. Од тогаш до сега оваа сала е еден од најрезервираните простори за различни спортски и музички активности.

Да потсетиме, Торино успеа да се избори и за годинашен домаќин на ова престижно музичко натпреварување во конкуренција на 16 други градови во Италија. Претходно домаќини на ова натпреварување беа Неапол и Рим.

Евровизија ќе се одржи во 3 натпреварувачки вечери, во полуфиналето планирано за 10 и 12 мај, додека финалето ќе се одржи на 14 мај.

Како ви се допаѓа салата?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi