„Ќе настинеш“ и други бабини приказни: Експертите откриваат што навистина се случува кога ќе излезете со мокра коса

19 февруари, 20220
5995_pexels-ron-lach-8154373_f

Прашањето е дали ова се само бабини приказни или мократа коса навистина може да предизвика настинка. На крајот на краиштата, сите брзавме и бегавме од дома со делумно влажна коса.

Еден експерт откри дали навистина претставува ризик за вашето здравје ако излезете со мокра коса.

Кристофер Алеруп, директор на Ензиматик, објасни дека и покрај се што ви кажале родителите, бабите и дедовците, влажната коса всушност не предизвикува настинка.

„Самата обична настинка е предизвикана од инфекција – вирусот на обичната настинка (за кој се верува дека има повеќе од 200 варијанти).

Меѓутоа, ако имунолошкиот систем е веќе ослабен или нападнат од вирус, настинката може дополнително да го ослаби. Мократа коса во ладни услови може да доведе до пад на телесната температура, што може негативно да влијае на ослабениот имунолошки систем, па затоа во суштина е најдобро да се избегнува излегување на студ со влажна коса“, рече тој.

Додека коронавирусот сè уште циркулира – многу е тешко да се одреди дали само сте настинати или ја имате варијантата Омикрон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma