Џенифер Анистон откри со каков проблем се бори две децении: „Се плашам да поминам уште една ноќ…“

19 април, 20220
Screenshot_8

Како што открила, во минатото знаела и да месечари, односно да оди во сон

 

 

Познатата актерка Џенифер Анистон во интервју кое го даде за магазинот „People“ откри дека со децении страда од проблеми со спиењето.

 

Имено, како што тврди, актерката почнала да има проблеми со спиењето во раните триесетти години.

 

– Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоницата го доживеав во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостигот на сон и се чувствуваме непобедливи – рече таа и додаде:

 

– Само што го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнуваш да ги разбираш ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот твој ден, на функционирањето на твојот ум и физичкиот изглед – изјавила актерката за „People“.

 

Како што открила, во минатото знаела и да месечари, односно да оди во сон.

 

– Порано спиењето беше последното нешто на мојата листа, но поради тоа не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – а тоа се исхраната, вежбањето и спиењето. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не работи – изјавила Анистон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma