Џенифер Анистон ја покажа нереалната фигура: Затегнатото тело и стомачните во преден план

10 февруари, 20220
jenniferaniston1602zl

Џенифер призна дека вежба пет пати неделно

Џенифер Анистон моментално е на Хаваи каде работи на „Murder Mystery 2“. Актерката ужива во моменти на релаксација на терасата од луксузниот хотел во кој престојува.

Папараците неодамна ја „уловија“ додека се сонча во минијатурно бикини во кое ги покажа извајаните мускули.

Џенифер за неколку дена, на 11-ти февруари, ќе го прослави својот 53-ти роденден, но иако веќе е во шестата деценија, изгледа фантастично. Таа уживаше во сончањето во црвен долен и виолетов горен дел, кој малку го спушти за да фати боја, градите практично и испаднаа од него.

Но, нејзините цврсти стомачни и совршено рамен стомак сепак ги украдоа погледите. А Анистон не ја доби оваа фигура туку така; таа вложи многу труд и жртви во тоа.

Џенифер призна дека вежба пет пати неделно, и дека обично практикува строг план за вежбање „15-15-15“, кој вклучува 15 минути на велосипед и лента за трчање. Покрај тоа, таа оди на бокс и вежба јога.

dzenifer-aniston02-830x0
dzenifer-aniston01-830x0

Многу е ригорозна и кога е во прашање нејзината исхрана – главно консумира органско овошје и зеленчук и храна со малку шеќер, а се потпира и на својата самоконтрола: доволно е да изеде едно парче чипс или една коцка чоколадо и се чувствува задоволно.

Џенифер го практикува и методот на повремен пост, односно период на пост во текот на денот од најмалку 16 часа во кој не консумира ништо освен вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma