ЏИЏИ ХАДИД ЌЕ ЈА ГЛЕДАМЕ НА НЕТФЛИКС: Супермоделот модните писти ги менува со натпреварувачко шоу

2 февруари, 20220
Gigi-hadid (1)

Џиџи Хадид блесна на бројни ревии на познати брендови и на насловните страници на најважните модни списанија, а сега е подготвена да оди чекор понатаму. Откако стана мајка, таа бара начин да си го организира животот за да може да поминува повеќе време со својата ќерка Каи, па за списанието iD признала: „Од кога сум мајка, ја сакам идејата да одам во истата канцеларија или студио секој ден, повеќе денови во неделата, со истиот тим и можеби мала игротека за Каи. Да има нешто постабилно, наместо секој ден да бидам во друга земја, на различен сет со различен фотограф.’

И се чини дека нејзините планови се остварија бидејќи беше најавено дека Џиџи Хадид ќе и се придружи на Тан Франс како водител на новата сезона на натпреварувачкото шоу „Next in Fashion“. Во првата сезона на шоуто во кое млади дизајнери се натпреваруваат за парична награда и можност да ја продадат својата колекција на Нет-а-Портер. Во првата сезона, која беше премиерно прикажана во 2020 година со Тан Франс, водителка беше Алекса Чунг, а сега нејзиното место го зазема Џиџи.

Gigi Hadid bit će voditeljica u Netflixovom showu Next in Fashion

Тан и Џиџи се запознале пред 4 години благодарение на Ева Чен, а сега нивното пријателство ќе прерасне во деловна соработка. Ова, се разбира, нема да биде прво излегување пред камера на Џиџи. Уште пред нејзината манекенска кариера, нејзината мајка Јоланда беше дел од екипата на реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ (сега достапно и на Нетфликс) во кое Џиџи и Бела повремено се појавуваа и можевме да ги видиме нивните модни почетоци. Неодамна Џиџи се појави и како гостин-судија во емисијата ‘Project Runway’, па несомнено добро ќе се снајде во новата улога. А кога ќе имаме можност да ја видиме во новата сезона на шоуто на Нетфликс се уште не е познато бидејќи само што се објавени пријавите за натпреварувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma