Внукот на Цеца Ражнатовиќ, Жељко Ражнатовиќ денеска го слави својот 2-ри роденден
Убавата вест од домот на семејството Ражнатовиќ со своите фанови ја сподели Анастасија, која му отпеа роденденска песна на малиот Жељко.
И баба Цеца е активна на социјалните мрежи, а фолк дивата досега има објавено неколку стории на својот Инстаграм. Бројни фанови на семејството Ражнатовиќ му го честитаат роденденот на Жељко, а слободното време пејачката го искористи и јавно да ги објави тие честитки.
Со оглед на тоа дека семејството Ражнатовиќ сака прослави, нема дилема дека малиот Жељко ќе има роденден од соништата, а како ќе изгледа, останува да видиме…
Да се потсетиме, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана пред две години се породи со царски рез и на свет го донесе синот Жељко.