Ана Николиќ вели дека после бременоста успеала да ослабе јадејќи само органска храна и тоа во многу мали количини. Пејачката за време на бременоста многу се здебелила, па во еден момент имала дури 105 килограми!
Кога нејзината ќерка Тара малку пораснала, Ана решила да ја јаде истата храна која му ја дава на детето за што побрзо да си ја врати килажата. Иако се шпекулираше дека го смалила желудникот, Николиќ неколкупати истакна дека не го направила тоа, туку дека во процесот на слабеење пиела апчиња кои и го намалувале апетитот.
– Кога решив да ослабам, бидејќи по бременоста бев двојно потешка, почнав да ја јадам храната што ја подготвуваме за Тара. Купував органско пилешко, јагнешко, свинско… Лосос, ги барав оние навидум грди, црвливи јаболка. Важно ми беше само се да е органско. Го јадев она што Тара го оставаше зад себе, што е речиси ништо бидејќи ќерка ми обично јаде се – вели Ана.
Со оглед на тоа што се погрижила Тара да се храни здраво, така се хранела и таа.
– Мојот проблем беше само брокулата. Не можам да ја поднесам! Но, јадев, на пример, прокељ. Количините беа исклучително мали. Она што остануваше можеше да се смести во рака. Избегнував само плазма и млеко од нејзиното мени, а се останато јадев, но многу малку.
Покрај редуцираната исхрана, Ана трчала секој ден.
– Имам лента за трчање во мојот стан, па тренирав навистина напорно. Отсекогаш сум сакала физички активности, па не ми беше тешко. Тогаш сфатив дека многу повеќе луѓе умираат од храна отколку од глад, па воопшто не ми беше проблем да гладувам.
Ана со 105 килограми успеала да ослабе до 55 и сега е задоволна од својот изглед. За да не и пукне и виси кожата, Ана покрај тренинзите редовно одела и на третмани.
– Толку многу се здебелив, а подоцна и ослабев, но немам стрии. Се грижев за своето тело и мудро слабеев – истакнува пејачката.