Пејачката отсекогаш ги следела модните трендови
Цеца Ражнатовиќ со години ги диктира модните трендови во регионот, а сега се појави фотографија која го докажува тоа.
Имено, на социјалната мрежа Инстаграм кружи фотографија од пред триесетина години на која Цеца го носи популарниот мини вал, како и повеќето пејачки од тие години.
Пејачката изгледа многу привлечно во црн тесен фустан со прерамки, а коментарите за нејзиниот изглед само се нижат:
„Отсекогаш била најдобра и најубава“, „Убава беше и на почетокот на кариерата“, „Преубава комбинација“…
Да се потсетиме Цеца моментално се наоѓа на Кипар каде со семејството ужива на одмор.