Анастасија Ражнатовиќ наскоро ќе слави роденден, а како специјален гостин се очекува нејзиното момче, познатиот фудбалер Немања Гудељ.
Анастасија на 25 мај ќе наполни 24 години, како што се шпекулира, младата пејачка подготвува гала прослава.
Како што планираше Анастасија, роденденската забава ќе биде организирана во ресторан во главниот град, каде ќе се соберат семејството, многу пријатели на Анастасија, како и нејзиното момче Немања Гудељ, кој специјално за оваа церемонија ќе допатува од Шпанија.
– Анастасија е многу возбудена, се организира веќе десетина дена за таа вечер сѐ да функционира беспрекорно. Учествува во сите сегменти, од изборот на музика до украсувањето, но и тортата – рекол изворот.
– Нејзиното момче Немања Гудељ доаѓа од Шпанија да го прослават роденденот. Воедно ќе биде идеална можност да се запознаат со Цеца и Вељко.
Како што понатаму се наведува, на списокот има повеќе од сто гости, меѓу кои и познати личности.