Во медиумите сѐ уште се пишува за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, откако пејачката го пријави сопругот дека наводно ја плукнал, а потоа ѝ удрил шлаканица, на Божиќ на 7 јануари.
Фудбалскиот менаџер се огласи на Инстаграм и објави дека имало кавга меѓу нив, но дека не станува збор за насилство. Сепак, на Тошиќ му е забрането да ѝ се приближува на сопругата во период од 30 дена.
Карлеуша по инцидентот неколку пати се огласи на Инстаграм, но нејзините објави беа поврзани со настапот што ќе го одржи задутре, поточно на 21 јануари во Дубаи.
Јелена и денеска објави сториња посветени на настапот, а како што гледаме, пејачката веќе ги спакувала куферите и со својот менаџер Зоран Бирташевиќ се упатила кон Обединетите Арапски Емирати.
Од друга страна, Тошиќ денеска слави роденден, а на профилот објавува честитки од пријателите и обожавателите ширум светот, но од јелена, ни трага, ни глас…
Дали сорпужниците ќе успеат да ги подобрат односите и дали ќе го спасат бракот, останува да видиме.