Евтина, здрава, освежува и се прави за 2 минути – Еве ЗОШТО лимонадата е најдобриот пијалок

popara31 јули, 20221min00
3110569_l_ls

Во топлите летни денови, но и во сите останати месеци од годината, овој напиток полн со витамин Ц освежува и го чува здравјето

Покрај тоа што е освежителна, лимонадата има корисен ефект врз здравјето бидејќи е полна со витамин Ц. Доколку сте голем љубител на овој напиток, обидете се да не користите вештачки засладувачи а, доколку сакате сладок пијалок, додадете само капка мед во вашата чаша.

Го зајакнува имунитетот

Лимонот е богат со витамин Ц кој е одличен во борбата против настинката и со калиум кој го стимулира мозокот и го регулира крвниот притисок.

Ги регулира pH вредностите

Без разлика што лимонот содржи лимонска киселина, тој има алкално дејство и го намалува нивото на киселост во организмот.

Добра е за слабеење

Лимонот содржи пектин, кој е одличен за потиснување на апетитот. Експертите откриле дека диетата која се базира на пиење млака лимонада половина час пред појадокот, доведува до губење на тежината.

Го стимулира варењето

Сокот од лимон може да му помогне на црниот дроб да произведе жолчка, која е неопходна за варење, а исто така го спречува и запекот.

Лимонадата е одличен диуретик

Лимонадата ќе ја зголеми зачестеноста на мокрењето, поради што токсините помалку ќе се задржуваат во телото, а вашиот уринарен систем ќе остане здрав.

Чиста кожа

Ќе ви помогне да ги отстраните токсините од крвта, па вашата кожа ќе изгледа убаво, здраво и сјајно.

Го освежува вашиот здив

Незасладената лимонада може да ја ублажи болката и воспалението на непцата. Единствениот недостаток е тоа што лимонската киселина може да ја уништи плунката, па затоа е подобро пијалокот малку да се разреди.

Го олеснува дишењето

Топлата лимонада (направена со млака, не топла вода која би го уништила витаминот Ц во лимонот) ќе ги ублажи симптомите на астма и алергија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma