Јелена уште еднаш покажа зошто важи за една од најстилските жени на нашите простори, но и пошироко
Пејачката Јелена Карлеуша со својот настап ја отвори 31-та „Роштилијада“ во Лесковац, а кога се качи на бината ја дочека громогласен аплауз, но нејзиниот аутфит натера многумина да ги „протријат“ очите.
Јелена вчера вечер се појави во многу елегантен фустан, целата во бело, во кој прошета и ја покажа совршената фигура, но никој не можеше ни да замисли што ќе ги снајде на сцената.
Јелена носеше трико во сиво – сребрена боја, кое го искомбинира со розови детали околу својот атрибут „најубиствен“, а сето тоа го спои со вртоглаво високи потпетици.
Покрај неверојатниот аутфит, таа успеа да ја загрее публиката со својот настап, танц и енергија и со тоа покажа колку е голем професионалец, бидејќи играњето во ваква модна комбинација секако не е лесно.