Како да го намалите холестеролот без лекови? Нутриционистите откриваат кои намирници се КЛУЧНИ

22 мај, 20220
Namirnice

Првиот чекор е драстична промена во исхраната

Не смеете да си играте со високиот холестерол, мора да го сфатите сериозно.

Освен со помош на лекови, можете да регулирате и на природен, иако потежок начин.

Не е ни чудо, бидејќи домашниот пристап подразбира драстична промена во исхраната, а тоа на многумина им е тешко.

Се што треба да направите е да усвоите навики во исхраната на кои укажуваат лекарите, бидејќи покажале голема ефикасност кај луѓето кои имаат здраво ниво на холестерол.

Јадете овесна каша за појадок

„Имам семејна историја на висок холестерол, па затоа сум свесна за мојата исхрана и успеав да го одржам холестеролот на здраво ниво без никакви лекови“, вели нутриционистот Кристина Лабони.

„Овесната каша содржи еден вид влакна кои помагаат да се намали холестеролот во нашата крв. Секогаш е добро да се фокусирате на она што можете да го додадете во вашата исхрана, а не да го одземате. Често правам голема количина што можам да ја загреам во текот на цела недела“, истакна таа.

Избегнувајте засладени пијалоци

Обидете се да избегнувате слатки засладени пијалоци како што се газирани пијалоци, коктели, слатки чаеви и кафе. Ова ќе помогне да се одржи холестеролот.

Грицкајте ореви

Мастите се суштински дел од здравата исхрана, но одредени масти се ужасни за вашиот холестерол. Транс масните киселини кои се наоѓаат во пакуваната и високо преработената храна како колачиња, крекери, пржена храна, колачи, го зголемуваат нивото на холестерол.

Оревите се полни со растителни верзии на омега-3 масни киселини здрави за срцето, за кои е докажано дека го намалуваат холестеролот и триглицеридите.

Јадете протеини

Луѓето кои имаат понизок холестерол имаат тенденција да „уживаат повеќе растителни протеини како грав и мешунки наместо црвено месо, кое е богато со масти“, вели нутриционистката, додавајќи:

Нутриционистите предлагаат ограничување на внесот на масни меса, кајмак, сладолед, кокосово масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi