Јелена беше воодушевена од подароците за 8-ми Март
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша беше воодушевена од изненадувањето и прекрасниот знак на внимание што го доби за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
Јелена на својот Инстаграм профил објави што добила, а најпрво сподели видео од огромен букет црвени рози, што, судејќи по реакцијата, ја воодушеви.
Сепак, тоа не беше се. Карлеуша покажа и аранжман во форма на срце, во различни нијанси на розови рози, додека внатре имаше слатки задоволства.
Пејачката очигледно покажа, барем засега, само дел од изненадувањата за Денот на жената, со оглед на тоа што годинава не објави како изгледала честитката од нејзините наследнички Атина и Најк, како и подарокот.
„Леле, некој има одличен вкус“, „Преубаво“, „Се што би посакале жените“, „Јелена обожава рози, вистински подарок за неа“, „Душко овој пат дал се од себе, како и за Денот на вљубените“, се некои од коментари.
Што доби Јелена за Денот на жената погледнете во галеријата подолу: