Јелена со своето моќно и провокативно издание остави многумина без здив
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша со својот костим ги полуде сите на настапот во Швајцарија, а никој не остана имун на атрибутите на пејачката во ова издание.
Јелена носеше розов топ со огромен отвор на градите, со кој спои ракавици од истиот материјал и принт. Носеше длабоки чизми, мрежести чорапи и танга мини костим, па нејзиниот најопасен атрибут ги полуде сите.
Во провокативниот костим со нежно розова коса, Карлеуша изгледаше како „безобразна“ суперхеројка и нема сомнеж дека со својот бомбастичен изглед ги разоружа сите.
Сепак, тоа не е се. Јелена со немирниот танц ја вжешти атмосферата на сцената, а на многумина не им беше „добро“ кога замеша со колковите и тресеше со задникот.
Таа ја воодушеви публиката со незаборавен настап, а нејзините следбеници на Инстаграм каде објавуваше слики и снимки ги „срушија“ мрежите со комплименти на профилот на пејачката.
„Легендо!“, „Одличен стајлинг, изгледаш како суперхеројка“, „Не ми е добро додека го гледам ова“, „Божице, преубава си“, „Најјака риба на естрадата“, „Бомба“, „Провокативна и изгледа како милион долари“, „Без конкуренција“, „Премоќно“, се дел од коментарите.