Постојано се нижеа комплименти за нејзината комбинација
Поп дивата Јелена Карлеуша синоќа настапи во Босна и Хречеговина, а со својот провокативен мрежест костим ги воодушеви сите.
Таа облече скап комбинезон кој ги истакна нејзините бујни атрибути, а овој пат покрај телото носеше моден додаток и на главата.
Секси изданието, мрежестата фантомка и корсетот со кој Јелена ја истакна својата половина, никого не остави рамнодушен.
Со оглед на тоа што костимот откриваше премногу, публиката особено ја заинтригира како вешто успева да ги спакува своите бујни атрибути и додека скока и пее на сцената да не излезе нешто што не треба.
Иако на почетокот изгледаше како да нема долна облека, сè беше на свое место и секој детал беше добро сокриен – мора да признаеме дека таа секогаш успева во тој момент на интрига.
Комплиментите се слеваа, не само поради нејзината комбинација, туку и поради нејзиниот изглед. Детали погледнете ги во галеријата подолу.