Маја Беровиќ планираше да и се врати на работата по нешто помалку од половина година, а имаше закажано и бројни настапи за следниот период.
Меѓутоа, како што сега објави преку социјалните мрежи, мора да ги одложи сите настапи поради здравствен проблем.
– „Драги мои, за жал, поради моето нарушено здравје, принудена сум да ги откажам сите закажани концерти од утре до 16 август 2022 година“ – напиша таа.
– Ви благодарам за разбирањето. Ве сакам! – додаде Беровиќ, која минатата зима го роди наследникот Лав.
Маја не даде повеќе детали за здравствениот проблем, додека нејзините обожаватели и испратија бројни пораки за побрзо оздравување.