Последните неколку дена на интернет кружи видео на кое младата ѕвезда Милица Павловиќ му зема телефонот на момче од публика и го фрла зад неа.
Како што дознаваат медиумите, момчето постојано се обидувало да ја сними под здолништето .
– Милица цело време одлично се забавуваше со публиката, додека тој не почна да снима под нејзиното здолниште. Таа неколку пати го предупреди да не го прави тоа, но типот не сакаше да се откаже Милица во моментот полуде и му подаде рака на момчето, тој мислеше дека ќе снима со неговиот телефон, тој ѝ го даде и таа го фрли зад себе – заклучува изворот.