Вчера започна новата учебна година, а пејачката Милица Тодоровиќ се присети каков бил нејзиниот прв училишен ден.
Тодоровиќ откри дека се облекла свечено и се појавила во јавноста без преден заб.
– Носев фустан со цвеќиња и имав репче, имав шишки, немав еден преден заб и седев во првата клупа како најголемата бубалица. Бев многу горда што седнав во првата клупа – вели Милица, која од првиот ден седела во клупата со својата пријателка Марија, која сега и е кума.
– Седев со мојата тогаш најдобра другарка кој живееше во куќата спроти мојата во Крушевац. Седев со Марија. Сега сме куми – изјави пејачката.