Да потсетиме, неодамна во медиумите се појави информација дека Милош и Ивана раскинале, а после тоа планирале свадба, по што актерот се огласи
Милош Биковиќ често споделува моменти со својата девојка Ивана Малиќ, а на последната фотографија целосно го промени имиџот.
Актерот Милош Биковиќ поминува сончев ден со својата партнерка, а сега на Инстаграм објави слика со мустаќи, а Ивана изгледа не ги одобрува.
Објавата погледнете ја ТУКА
– Понекогаш се бричам. И ги оставам мустаќите. Тоа ја нервира. Два дена ја тролам така. После ги бричам – изјави познатиот актер.
Да потсетиме, неодамна во медиумите се појави информација дека Милош и Ивана раскинале, а после тоа планирале свадба, по што се огласи и актерот.
– Не го коментирам мојот приватен живот, поточно многу ретко зборувам за тоа. Кога се во прашање медиумите, веќе ништо не може да ме изненади, но многу ми е забавно што во ист ден пишуваат за раскинување, изневерување и брак. – вели тој и додава:
Не знам како би ја нарекол потребата на медиумите да објавуваат вести и воопшто да не се оптоваруваат со вистината и смислата. Можам да кажам дека тоа засега не е точно, што не значи дека нема да биде во иднина, ниту дека можеби не се случило – изјави тогаш Милош.