Наташа Беквалац: Дали ви се допаѓа лицето што го гледате кога ќе се погледнете во огледало?

popara19 март, 20221min00
natasa-bekvalac-3-830x0

Пејачката им испрати порака на следбениците на Инстаграм и откри што планира

Пејачката Наташа Беквалац споделува многу свои одлуки со следбениците на Инстаграм, а сега откри дека менува се од корен.

Наташа Беквалац почна од реновирањето на станот, а неодамна откри дека купила нов мебел.

Таа сега испрати порака до своите следбеници на Инстаграм и откри што планира.

– Во фаза на реновирање сум. Го реновирам животот и станот. Поточно решив да почнам од почеток. Колку е тешко да се бориме со сето она на кое сме навикнати, иако знаеме дека тоа ни штети. Да не зборуваме за врските… – напиша таа на почетокот.

– Збогум стари душеци, збогум ѕидови, ми ги чувавте тајните, збогум стар вкус, збогум мои завеси, теписи, шкафови, добра вечер нов животу, нови работи, нова музика, нова, подобра јас! – додаде пејачката.

– Дали ви се допаѓа лицето што го гледате кога се гледате во огледало, лицето што го гледате додека правите селфи? Дали ви се допаѓа животот што го живеете моментално? Ако одговорот е „не“, сменете го. Од тоа ве дели само одлуката – напиша на крајот Наташа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma