На најновите слики Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ изгледаат како да се подготвени да се лансираат во друга галаксија
Се чини дека Јелена Карлеуша знае да изнесе секаков стил. Од елегантни, тренди, до костими за сценски изведби.
Иновативноста е нејзина силна страна, па добро се подготвила за настапот во Котор, за да ги остави сите без здив.
Јелена на својот Инстаграм профил објави слика и видео на кое навистина изгледа како да е од друга планета! Облечена е во тесен комбинезон, со дезен кој личи на кожа на вонземјанин и ракави кои продолжуваат во ракавици, без прсти. Околу половината има необичен појас од некаков пластичен материјал, кој заедно со проѕирните очила придонесува за футуристичкиот изглед.
Бидејќи ова парче облека има и качулка, Јелена ја подигна косата во високо опавче.
Со оглед на тоа дека изгледа многу интересно, и дека ја истакнува витката линија, единственото нешто што можеме да се запрашаме е – како се облекува ваквата гардероба?
Извесно време пред Јелена истиот стајлинг го носеше и нејзината колешка Маја Беровиќ! Сето тоа таа го објави и на Инстаграм. И што мислите, која изгледа подобро?