За 16 години се променила многу
Дел од балканската јавност првпат слушна за Станија пред 16 години кога на еден форум се појавија нејзини разголени слики, благодарение на кои тогашната студентка на Економскиот факултет во Нови Сад се најде на насловната страница на популарно списание за возрасни. Сепак, најголемата слава ја стекна со учеството во реалните шоуа „Survivor“, „Farma“ и „Zadruga“.
Од првото појавување во 2006 година, до денес во 2022 година, Станија многу се променила, а според тамошните медиуми, таа во својот изглед вложила 18.700 евра.
За да ги остави мажите без здив, старлетата ги зголемила градите и задникот, го намалила носот, ги наполнила усните, ги подигнала очните капаци, ги истакнала јагодиците и вбризгала ботокс во лицето и вратот.
– По сликите кои се појавија на форумот, Станија реши да стави силикони во градите. Таа прво вгради „тројки“, а потоа ги зголемила на „четворки“. Ги правеше во Америка и плати околу 4.000 евра. Многу брзо го оперираше и носот во Турција“, вели пријателка на старлетата, додавајќи дека Добројевиќ со годините променила се што не и се допаѓало:
– Стави хијалуронска киселина во усните, филери во јагодиците и се ослободи од темните кругови. Таа направи и т.н мачкини очи кои во последно време се многу популарни на естрадата. Пред неколку години го зголеми и задникот. Сепак, нејзиниот задник е заштитен знак.
Според неа, Добројевиќ ставила фурнири на забите за 4.000 евра, но ја надоградила и косата со природна коса за која платила 3.000 евра! Како што се наведува, таа дала 2.000 за носот, 800 за усните, 1.500 за мачкините очи, 2.000 за задникот, додека наводно досега издвоила 1.050 евра за ботокс и јаболчниците.
Погледнете како изгледала Станија пред бројните естетски зафати.