Таа реши да ги открие деталите од својот однос со Душко
Пејачката Јелена Карлеуша на медиумите им откри дека не планира да се мажи и дека се уште е во брак со сопругот, но не сакала премногу да зборува за него „за да не и се јави неговиот адвокат“
-Не се разведов од сопругот Душко Тошиќ, живееме заедно, вели Јелена Карлеуша! Пејачката неодамна на Инстаграм напиша дека се разведува од поранешниот фудбалер по 14 години брак и дека „одлуката за разделба ја донеле заедно, бидејќи Тошиќ повеќе не се чувствувал како дел од семејството“.
Поп ѕвездата во четвртокот вечерта беше изненадувачка гостинка на ревијата за чевли на позната американска компанија во Белград. Откако се прошета по пистата, ЈК реши да ги открие деталите од врската со Душко, како и проблемите кои ги имаат нивните ќерки Атина (14) и Ника (13).
– На модната ревија носев вел и бидермаер, но не планирам да се мажам. За повторно да се омажам, прво би требало да се разведам! Не се разведов од Душко! Сè уште живееме под ист покрив. Иако, не би сакала многу да зборувам за него, да не ми се јави неговиот адвокат.
– Првпат сум манекенка на 44 години! Воопшто не е лесно, мокра сум од пот. Атина би сакала да биде манекенка. Таа е повисока од мене, иако има само 14 години, додека Ника е моја висина. Беа во публика со тетка ми, цело време ги гледав да видам дали се задовоолни.
На прашањето на медиумите дали е вистина дека планира да направи своја шоу програма, Јелена одговара:
– Да! Ќе направам емисија толку добра што ќе биде погледана од „Ѕвезда Гранда“! Не знам каде ќе се емитува, но ќе ја разнесе гледаноста. Никој во Србија не знае што е маркетинг како јас. Моите колеги би можеле да дојдат кај мене на едукација.