Пред точно осум години тие се заколнаа на вечна љубов
На денешен ден во 2014 година, Новак и Јелена се венчаа во Црна Гора, на Свети Стефан. На гламурозната прослава присуствуваа нивните пријатели и роднини.
По тој повод се огласи поубавата половина на Новак, која сподели повеќе фотографии на својот Инстаграм профил.
– 8 години во брак, но заедно сепак имаме само 17 години! Тинејџери – напиша таа во описот, а честитки се слеваа од сите страни.
За потсетување, Џоковиќ го кажаа судбоносното „да“ четири дена откако Новак ја освои втората титула на Вимблдон, победувајќи го Роџер Федерер во финалето.
Неколку месеци откако се венчаа, станаа родители. Стефан е роден во октомври 2014 година, а три години подоцна го добија девојчето Тара.