Имено, на неа Карлеуша позирала гола на креветот во хотелска соба, а во позадина е нејзиниот сопруг.
Поп иконата Јелена Карлеуша неодамна излезе со официјална изјава и откри дека по 14 години брак се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ.
– Јас и Душко се договоривме заеднички да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период – започна во својата изјава Карлеуша и додаде:
– Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите, бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само ликување и перење уста со нашиот живот, на што сум навикната… па НАВАЛЕТЕ.
Сепак, колку нивните фанови не се согласуваат со нивната одлука докажуваат и нивните заеднички спомени кои секојдневно ги споделуваат на социјалните мрежи, а токму таков е случајот со онаа која предизвика најголемо внимание.
Имено, на неа Карлеуша позирала гола на креветот во хотелска соба, а во позадина е нејзиниот сопруг, а коментарите биле препишани со изјави дека Карлеуша и Тошиќ биле идеална брачна двојка.