Откако Карлеуша го нарече психопат, стигна одговорот на Милош Биковиќ

popara7 ноември, 20221min00
Bikovic_Karleusa_kaver

Јелена на својот Инстаграм го искажа ставот кон сите оние кои ловат како хоби и за забава

Пејачката Јелена Карлеуша пушти удри по актерите кои одат на лов, а во својата објава го спомена и Милош Биковиќ. Интересно е што и Биковиќ и Карлеуша се појавија на настан во главниот град, а по тој повод Биковиќ даде свој одговор на целата ситуација.

-Поради некоја причина, луѓето имаат потреба да ме вклучат во многу приказни каде што не припаѓам. Се пронаоѓам на некои насловни страници и во некои приказни кои ми се неинтересни, ниту пак ги сметам за значајни. Мислам дека здравите луѓе не треба да се занимаваат со вакви теми, па затоа и овојпат би прескокнал да коментирам – изјави Милош Биковиќ.

За потсетување, Јелена на својот Инстаграм го изрази ставот кон сите кои ловат за хоби и забава и повика на затворање на ловечките друштва, а Милош Биковиќ и неговиот колега Вук Костиќ ги нарече „убијци на невини животни“.

– Тие што убиваат животни за забава се психопати, нелуѓе. Подигнете го гласот против убивањето на невини животни! Тоа што некој е актер, Костиќ или Биковиќ или К*ротиќ, не го намалува фактот дека се убијци на невини животни за забава (забележавте дека актерите генерално ме нервираат)! Да бидеме луѓе против нелуѓето. Да бидеме глас за оние кои не знаат да зборуваат! Да бидеме заштита на слабите и невините – порача Јелена на социјалната мрежа Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma