Куќата е изградена во 1950 година
Плацот кој Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ го имаат во САД е опкружен со скапи вили, додека тие наводно поседуваат сосема просечна куќа во типичен американски стил.
Имено, куќата на Лепа Брена во Мајами вреди повеќе од 900.000 евра, луксузната недвижнина има 400 метри квадратни и се наоѓа во скапа населба во Мајами на самиот брег. Многу познати личности им се соседи на Брена и Боба, а се проценува дека месечното одржување на таков имот чини 2.000 долари.
Покрај вилата на Бежанијска Коса, во сега познатата естрадна населба во Белград, стан во Монте Карло, поседуваат и куќа во Мајами.
Куќата е изградена во 1950 година, и е во типичен монтажен, американски стил. Во дворот има мал базен, а куќата е опкружена со прекрасни вили, па меѓу нив делува како гаража за тинејџерски рок бенд.
Куќата има две бањи, кујна и трпезарија, а целата е поплочена со обични плочки.