Познатиот водител се самоуби: Имаше само 40 години

popara15 декември, 20221min00
stephen-twitch-boss3

Се стекна со слава како танчер во шоу програмата „So You Think You Can Dance“

Познатиот водител, диџеј и играч Стивен Твич Бос почина на 40-годишна возраст. Како што соопштија од канцеларијата на окружниот патолог за странските медиуми, се работи за самоубиство.

На 14-ти декември, неговата сопруга Алисон Холкор дошла во полициската станица во Лос Анџелес, целата вознемирена и рекла дека „Стивен вчера ја напушти куќата без автомобил, а тоа воопшто не личи на него“. Недолго потоа, полицијата добила повик од хотел во Лос Анџелес за пукање, а таму Стивен бил пронајден мртов и, како што се наведува, се работи за самоубиство.

Славата ја стекна како танчер во шоу-програмата „So You Think You Can Dance“, каде учествуваше неколку пати, а во 2014 година стана асистент и диџеј во шоуто на Елен Деџенерс каде што остана до самиот крај.

Таа со трогателни зборови се прости од колегата.

– Моето срце е скршено. Твич беше љубов и светлина. Ми беше семејство и го сакав со целото мое битие. Ќе ми недостига. Испратете љубов и поддршка до неговото семејство – Алисон и нивните прекрасни деца – Весли, Медокс и Заја. – напиша Елен.

Со сопругата Алисон (34) имаше 3 деца, а ќерката Весли е ќерка на Алисон од првиот брак. Тие се венчаа во 2013 година, а неодамна ја прославија и деветтата годишнина од бракот. Инаку, таа е и танчерка, а се запознале во шоу програмата „So You Think You Can Dance“.

Веднаш по лошите вести, Алисон најде сила да даде изјава за странските медиуми.

– Собата ќе беше осветлена со светлина кога Стивен ќе влезеше во неа. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата пред сè друго. Љубовта и светлината му беа сè на светот. Тој беше столб на нашето семејство, најдобар сопруг и татко и инспирација за неговите обожаватели. Да се ​​каже дека оставил наследство би било потценување, а неговото позитивно влијание ќе продолжи да се чувствува. Сигурна сум дека нема да помине ден, а да не го почитуваме неговиот спомен. Стивен, те сакаме, ни недостигаш и засекогаш ќе го чувам последниот танц за тебе – изјави уништената Алисон.

Инаку, покрај шоуто на Елен, каде што беше и продуцент, се занимаваше и со глума (филмовите „Magic Mike XXL“ и „Step Up“), а беше водител и на неколку реални шоуа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma