Почина на 54-годишна возраст
Актерот и комичар Дејвид Арнолд почина на 54-годишна возраст, соопшти неговото семејство
Овој комичар беше продуцент на комедијата „Fuller House“, која се прикажуваше на Нетфликс, а на оваа платформа беа емитувани и два негови стенд-ап специјали.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сопруг, брат, татко и пријател“, се вели во соопштението на неговото семејство.
Дејвид починал во својот дом, а лекарите рекле дека починал од природна смрт.
Арнолд беше на национална стенд-ап турнеја, а неговата комедија се емитуваше на „Нетфликс“ и „HBO“. Неговиот прв специјал „Дебела балерина“ имаше премиера на Нетфликс во 2020 година, а вториот „Ова не е за слаби“ во јули оваа година.