По разделбата со Душко, Карлеуша ја напушти Србија со ќерките: За луксузниот одмор искеширала околу 10.000 евра

popara8 јули, 20221min00
Screenshot_9

Поп дивата Јелена Карлеуша пред неколку дена излезе со официјално соопштение дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ, а денес веќе ја напушти Србија со ќерките Атина и Ника.

 

 

 

Имено, Јелена најпрвин објави фотографија со наследничките, а потоа и неколку постари на својот Инстаграм профил.

 

Пејачката очигледно решила да ги одведе ќерките од Србија откако признала дека се разведува за да ги „спаси“ и заштити од разни шпекулации кои се објавуваат во медиумите во последните денови, а се однесуваат на висината на алиментацијата и старателството на Ник и Атина.

 

Карлеуша отпатувала во Турција, а судејќи по видеата, избрала едно од најлуксузните одморалишта во светот.

 

Станува збор за „The Land of Legends Kingdom Hotel“, хотел со пет ѕвезди, каде ноќевање чини околу 1.200 евра.

 

Земајќи во предвид дека отпатувала со ќерките, најверојатно ќе остане најмалку 10 дена, а пејачката за ова патување потрошила повеќе од 10.000 евра.

 

Screenshot_8
Screenshot_10
Screenshot_11
Screenshot_12
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma