Сите детали ги откри на Инстаграм…
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, денес одбележуваат 6 месеци врска. По тој повод, пејачката покажа како ја изненадил нејзиниот сакан.
Имено, како што покажа Анастасија на Инстаграм, Гудељ ѝ подарил голем букет со црвени ружи на кој пишува „Те сакам“, а со него и картичка на која напишал:
„Среќни 6 месеци врска, среќо“.
Погледнете ја објавата ТУКА
На објавата која Ражнатовиќ ја објави има и фотографија на која се држат за раце, како и заедничка фотка од нив двајца. Инаку, пејачката досега има објавено неколку фотки и видеа со момчето, меѓутоа, тој тоа никогаш не го направи, па ни овој пат, и покрај убавиот повод.
Како и да е, под оваа објава на пејачката се редат комплименти и честитки, а првите срциња во коментарите стигнаа од нејзината мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.