Медиумите пренесуваат дека популарната пејачка завршила зад решетки
Пејачката Северина Вучковиќ денеска околу пладне во Загреб завршила зад решетки поради семејна расправија.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Северина во тој момент била во станот на нејзината мајка во Сплит, кога избил конфликт меѓу неа и нејзината сестра Маријана.
Оваа расправија избила доцна во ноќта, кога соседите слушнале ненормална бучава. Како што пренесуваат медиумите, Северина ја нападнала својата сестра, па почнале да се влечат и кубат по целиот стан. Си удирале шлаканици и било речиси невозможно да се разделат.
Епилогот од овој инцидент: нејзината сестра Маријана завршила во болница со модрици на грбот и главата, додека Северина излегла од станот и заминала во непознат правец. Кога Маријана се опоравила од повредите, случајот го пријавила во полиција.
Врз основа на пријавата сплитската полиција покренала потера по пејачката. Пејачката била уапсена денеска на аеродромот во Загреб.